Денешната дваесет и четврта седница на Советот на Општина Охрид со дваесет и пет точки на дневниот ред, помина во знакот на предлот – одлуката за давање согласност на измените на годишниот План за вработување на Општина Охрид за 2023 година. По, на моменти остри дискусии и полемики меѓу опозиционите и советниците на позицијата, одлуката со изненадувачки 17 гласа за, беше усвоена.

Во останиот дел од работата на седницата, советниците ги усвоија следниве одлуки:

-Одлука за верификација на мандат на член во Советот на општина Охрид.

-Одлука за изменување и дополнување на одлуката за извршување на буџетот на општина Охрид за 2023 година.

-Програма за измени и дополнувања на развојната програма за капиталните инвестиции на општина Охрид во областа на средното образование 2023-2025 година.

-Одлука за измени и дополнување на буџетот на единицата на локална самоуправа општина Охрид за 2023 година.

-Одлука за субвенционирање трошоци за потрошена електрична енергија на ЈП„Водовод“ – Охрид.

-Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за давање на времено користење недвижен имот на ЈП „Билјанини извори“ – Охрид.

-Одлука за формирање на Совет за женско претприемништво на општина Охрид.

-Одлука за давање согласност на одлуката за отпис и расходување на основни средства во сопственост на ОСУ„Св.Климент Охридски“ – Охрид.

-Одлука за подигање спомен – обележје за Стојан Шутев, Тасе Василев и Коле Јанев, од с.Завој, загинати за време на Илинденското востание.

-Одлука за прифаќање донација на движни ствари – опрема за спроведување на GLOBE програмата на општина Охрид.

-Одлука за давање на трајно користење движни ствари-опрема за спроведување на GLOBE програмата на општина Охрид сопственост на општина Охрид на ООУ „Христо Узунов“ – Охрид.

-Одлука за давање на трајно користење движни ствари-опрема за спроведување на GLOBE програмата на општина Охрид сопственост на општина Охрид на ООУ „Кочо Рацин“ – Охрид.

-Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградените објекти на кп.бр. 541/4 КО Велгошти.

-Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградените објекти на кп.бр. 1335 КО Љубаништа.

-Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградените објекти на кп.бр. 1814/1 КО Лескоец.

-Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградените објекти на кп.бр. 2374 КО Лескоец.

-Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградените објекти на кп.бр. 2493/1 и кп.бр. 2493/2 КО Коњско.

-Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградените објекти на кп.бр. 2632/1 КО Долно Лакочереј.

-Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградените објекти на кп.бр. 1437/1 КО Лескоец.

-Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградените објекти на кп.бр. 1571 и кп.бр. 1637 КО Опеница.

-Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградените објекти на кп.бр. 2119 КО Велестово.

-Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградените објекти на кп.бр. 5928 КО Охрид 4.

-Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградените објекти на кп.бр. 6097/1 КО Охрид 4.

-Одлука за изменување на одлуката за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација за усогласување на намената на земјиштето на Кп.бр. 1540  КО Рамне.