Советот на Општина Охрид, денес ја одржа својата деветта седница. На дневен ред имаше 84 точки, кои во најголем дел се однесуваа на годишни извештаи за работа на општинските служби и јавни претпријатија и финансиските извештаји на образовните институции. Вообичаено на дневниот ред беа и точките за легализација на бесправно изградени објекти на територијата на Општина Охрид.

Седницата помина во знакот на усвојување или неусвојување на точките, а сето тоа во зависност од партиската припадност на советниците. Сите точки кои се однесуваа на тековните активности беа прифатени, а повеќето годишни извештаи советот не ги прифати.

Советниците едногласно ги прифатија сите точки за бесправно изградените објекти.