Во просториите на Општина Охрид, денес, се одржа јавна дебата чија тема беше дефинирање на приоритетите пред обрајување на јавен повик за граѓаниските организации. На дебатата учество зедоа претставници на 12 организации.

Како предлог приоритети беа издвоени „Младински активизам и пратиципација“, „Родова еднаквост, економска и социјална инклузија“ и „Туризам, заштита на животната средина и култура“.

Овој, нов пристап на Локалната самоуправа, подразбира обрајување на јавен и транспарентен повик за сите граѓански организации кои ќе треба да изготват предлог проекти во дадената област. Понатака, проектите ќе бидат отценувани од страна на комисија и на крај се врши финансирање од буџетот на Општина Охрид.

Транспарентниот и конкурентен процес за избор на проектите придонесува за обезбедување подобри услуги и конкретни резулатати за локалното население.