Во овој паметен вид на планирање, за разлика од традиционалниот пристап на планирање посебен акцент се става на активното вклучување на граѓаните од самиот почеток на процесот.

Овие активности се преземаат со цел да се оптимизира ефикасноста на сообраќајот, да се подобри мобилноста на пешаците и велосипедистите, да се промовира значењето на е-мобилноста во насока на намалување на емисиите на CO2, да се растовари сообраќајот во централно градско подрачје, да се зголеми нивото на безбедност и сигурност на граѓаните и да се подобри социјалната интеграција и еднаквост.

Во таа насока општина Охрид организира анкета која има за цел да го слушне предлогот на граѓаните.

Локалната самоуправа, во соработка со граѓаните сака да ја изработи визијата на планот за одржлива урбана мобилност.

ДА ПЛАНИРАМЕ  ЗАЕДНО  ГРАД ВО КАКОВ ШТО САКАМЕ ДА ЖИВЕЕМЕ !

 

АНКЕТА – ДА ПЛАНИРАМЕ ЗАЕДНО!