Денеска во Охрид, се одржа Форум на градоначалници организиран од УСАИД Македонија, на кој беа презентирани резултатите од алатката за само-оценка. На форумот учествуваше и градоначаникот Кирил Пецаков, кој ги поздрави присутните.

– Денес сме тука да најдеме начин да ги искористиме најдобрите можности за реализација на проекти од општ интерес. Заеднички ќе дискутираме за  Подобрување на капацитетите на вработените во одделението за финансии и данок на имот  при нашите општини. Развивање на ЛЕР планови по нова методологија,  можност за  за обучување на вработените од нашите општини кои би правеле внатрешна ревизија , како и  разгледување  на можностите  за заеднички настап пред европските фондови и користење меѓународни средства за општествено корисни проекти, рече градоначалникот Пецаков.

Согласно мерењата Општина Охрид доби оценка од 2,56, каде 1 е основно ниво на капацитет, а 3 високо ниво на капацитет. Проектот опфаќаше само-оценка на општините за општинското финансирање, во кои е вклучено управување со општинските јавни финасии, планирање и извршување на буџетот, фискална транспарентност и отчетност, планирање и прибирање на приходи од сопствени извори и пристап до надворешно финансирање.

Настанот се реализира во рамки на проектот за “Зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите”.