Претседателката на Советот на Општина Охрид, Живка Ангелоска, денес имаше средба со атлетичарот на АК “Охрид“ Јован Стојоски. Стојоски е државен првак и рекордер во пет дисциплини и најсериозен кандидат на нашата земја за престојните Олимписки игри во Токио.

Стојоски е стипендист на Македонскиот Олимписки Комитет, а Општина Охрид финансиски ќе го поддржи во неговите подготовки, за што поуспешен настап на најголемата светска спортска манифестација.