Со вечерашното осветлување на  општинската зграда во боите на ретките болести, локалната власт од Охрид  се вклучува во   националната кампања „Ги запознавме ретките болести 2022“.  Во боите на „ретките“ вечерва светнаа и  општинските згради во Струга и Дебрца и  Самоиловата тврдина која што   ќе биде освтлена цел месец.

Со тоа се приклучуваме кон глобалниот повик на ЕУРОРДИС за осветлување на локални и национални згради и споменици.  Овој синџир на осветлени објекти ќе послужи како еден од симболичните начини за кршење на изолацијата на глобално ниво.
Секој може да учествува во Глобалниот синџир на светла и да ги сподели боите на ретките болести.

Во обид за глобална солидарност,   на  Светскиот ден на ретките болести,  28-ми февруари во 19 часот по локално време   секој човек може да го декорира  својот  дом со боите на ретките  болести.