Големата сала на Општина Охрид ќе се користи со надомест согласно одлуката на Советот и донесениот Правилник од 04.12 2024 година.  

Како корисници на салата , може да се јават:

Здруженија на граѓани, фондации, други правни субјекти и организации, политички партии, организатори на комерцијални настани, организатори на изложби, промотори на книги, работилници, обуки како и лица кои склучуваат граѓански брак.

Висината на надоместокот за користење на големата сала е следна:

  • Здруженија на граѓани, фондации, други правни субјекти и организации, политички партии, организатори на комерцијални настани, организатори на изложби, промотори на книги, работилници, обуки – 3000,оо денари
  • Надомест за склучување на брак во работен ден – 500,оо денари и
  • Надомест за склучување на брак во неработен ден- 1000,оо денари.

Надоместокот за користење на салата ќе се плаќа по настан.

Максималното времетраење на настанот ќе изнесува 3(три) часа.

Податоци за плаќање на надоместокот за користење на општинската сала:

  • Цел на дознака-Административна такса за користење на општинската сала
  • Назив и седиште на примач: Буџет на Р.С.М;
  • Примач: Народна банка на РСМ,
  • Сметка на буџетски корисник  100000000063095
  • Уплатна сметка  840-152-06553
  • Приходна шифра и програма  723 914 00

Барателот, најдоцна 3 до 5 дена пред одржување на настанот/склучување на граѓански брак, преку Архивата поднесува барање до Општина Охрид (образецот е прикачен на општинската веб страна). Во прилог на барањето доставува доказ за извршена уплата на надоместок. Во барањето ја наведува потребата и терминот на одржување.

Како денови за склучување на граѓански бракови се определуваат: понеделник и среда како работни денови (од 12 до 16 часот) и сабота како неработен ден ( од 12-18 часот).

Корисникот на просторија е должен во текот на изведување на настанот, да се грижи за општинската сала како добар домаќин (да води сметка за хигиената, да не предизвикува штета..). Предизвиканата штета за времетраење на настанот ќе биде одговорност на корисникот. Истата ќе биде констатирана во записник и корисникот кој ја предизвикал ќе биде обврзан истата да ја санира во рок од 5 (пет) дена сметано од денот на нејзиното настанување.

За времетраење на настанот, лице од редот на вработените во општината, назначено од Градоначалникот ќе врши надзор над користењето на салата.

Средствата остварени од давањето на користење на големата сала во општинска сопственост се приход на Буџетот на општината и ќе се користат за тековно одржување на салата.

ПРАВИЛНИК за уредување на начинот на користење и располагање со големата сала на општина Охрид.