Основното училиште “Ванчо Николески“ од с.Лескоец, е вклучено во две годишната програма на ЕРАЗМУС – “Стратешки партнерства за училишна размена“, со училишта од Полска, Турција, Грција, Италија и Португалија.

Денес претседателката на Советот на Општина Охрид, Живка Ангелоска, ги прими претставниците од Измир – Турција, Сасари – Италија, Ксанти – Грција и Гдањск – Полска, кои се во посета на ОУ “Ванчо Николески“.

– Образованието е предуслов за упешно општество, а размената на искуства и методи на работа, се од непроценлива важност. Различните култури и традиции се богатство кои ги обединува луѓето – истакна на средбата Ангелоска.

Учениците и наставниците ќе работата на спроведување на заедничкиот проект “Бришење бариери преку споделувања богатства“. Главната цел на проектот е да се ангажираат учениците да соработуваат со своите врсници од различни земји и култури и зачувување на единствениот европски културен простор.