Ј.П.„Охридски Kомуналец” доделува по 50 садници сезонски цветен расад  на државните и јавните институции кои дејноста ја обавуваат на територијата на општина Охрид.

Садниците се од сопствено производство, а целта на акцијата е  да се  даде  поттик на општествено одговорните институции да ги разубават своите дворови. Со своето уредено цветно катче тие треба  да бидат пример за оплеменување на просторот,  создавање здрави животни навики  и заштита на животната средина.

Садниците можат да се подигнат од расадникот на  Ј.П.„Охридски Kомуналец”.