Денеска во Охрид се одржа првото државно првенство Такевондо ИТФ во организација на   охридскиот таеквондо клуб „МАСТЕР“, а под  покровителство  на Општина Охрид.

Во натпреварувачкиот дел од настанот учествуваа 63 натпреварувачи од 5 клубови од Македонија: „Мастер“ од Охрид, „Хва Ранг ИТФ“ од с. Лескоец, ИТФ клубот “Чонџи“ од Косел, ИТФ клубот „Сонкал“ од Мислешево – Струга  и „Ахилиус“ од Скопје.  

При официјалното отворање на првенството пред присутните се обрати заменик градонaчалникот, Перчо Божиноски:

– Спортските успеси не се само гордост на спортистите, тие се гордост на верната публика и на сите нас. Токму затоа ми е особено драго што денеска за прв пат, со финансиска поддршка на Локалната самоуправа се организира еден ваков  голем спортски настан.  Денес со овој настан  испраќаме порака за  афирмација на спортот и создавање на уште подобри услови за  негов развој.Со својот незапирлив спортски дух, нашите спортисти победуваат, освојуваат награди, а ние сме тука да ги бодриме и да ги мотивираме за уште поголеми успеси.Живееме  во време со  многу предизвици. Живееме во хиперповрзан Свет на глобална и динамична економија, изложена на постојани промени и неизвесности.  Сето  ова стресно влијае на сите нас, и токму затоа сметам дека вакви спортски случувања  ни се повеќе од неопходни. „Актерите“ во спортот  ја јакнат физичката и психичката кондиција, а во исто време се рекреираат и забавуваат.Општина Охрид дава поддршка и има значаен удел во голем број спортски приказни, така ќе биде и во иднина- рече Перчо Божиноски.

 На настанот присуствуваа и претставници од Агенцијата за млади и спорт.