Ohrid.gov.mk

ОХРИД Е НАЈУСПЕШНА ОПШТИНА ВО ДРЖАВАВА ВО ОДНОС НА СИСТЕМОТ ЗА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ

ВЕСТИ

ОХРИД Е НАЈУСПЕШНА ОПШТИНА ВО ДРЖАВАВА ВО ОДНОС НА СИСТЕМОТ ЗА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ

Општина Охрид претставува позитивен пример во однос на организација, функционирање и финансирање на системот за зштита и спасување –  ова е наведено во конечниот извештај на Државниот  Завод за Ревизија  на тема: “Градење на систем за управување со кризи, заштита и спасување преку инвестиции во опрема и ресурси, одржување на средствата со цел да се зголеми оперативноста, ефикасноста и ефективноста“.

Во извештајот на ДЗР се наведува и дека  во  општината е воспоставена  соодветна институционална рамка при што се донесени стратешки и оперативни документи, вклучително и План за заштита   и спасување и годишни Програми за заштита и спасуање. Општината е вклучена во сите оперативни дејствија и заштита во случај на пожар. Финансирањето на противпожарната заштита е во значителен дел со средства од Буџетот на Општина Охрид.  За таа намена  85 % се средства на општината, а само 15 % од дотации.

Според државните ревизори   позитивен пример кој треба да се истакне  е и Планинската спасителна служба во Охрид која е дел од Националниот сојуз за планинско спасување и во пракса делува  како специјализирана оперативна единица за интервенции на планински и тешко пристапен терен.

Tags :

Споделете: