Општина Охрид ќе користи средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој, врз основа на Јавниот повик бр. 02/2018 кој Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој го објави на 2-ри јули, 2018-та година.

Оваа програма одобрува средства во три мерки:

321 – Развој на јавна инфраструктура во рурални средини, инвестиции во водоснабдителни и канализациони системи во населени места во рурални средини,

322 – Обнова и развој на селата, изработка на урбанистички планови за населени места во рурални средини и

323 – Зачувување и унапредување на традиционалните вредности во руралните подрачја, Изградба или реконструкција на патна инфраструктура за пристапност до и околу природни знаменитости во рурални средини вклучително и нивно уредување и воведување на комплементарни содржини – пешачки, велосипедски и останати спортски патеки и шеталишта.

Општина Охрид аплицираше во сите три мерки при што:

Во мерката 321 беше поднесена апликација за реконструкција на пумпните станици  Метропол, Трпејца и Љубаништа. Вкупната вредност на потребните реконструкции изнесува 21.218.120 денари. Висината на одобрениот  износ на финансиски средства од оваа  мерка е 20.000.000 денари, што значи дека 1.218.120 денари за реконструкција на пумпните станици Општина Охрид обезбеди од сопствени средства. Покрај тоа обврска на Општина Охрид како апликант е да обезбеди финансиски средства и за ДДВ во висина од 18 % од инвестицијата. Што заачи дека вкупната вредност на оваа инвестиција е 25.037.381 денари.

Во мерката 322 беше поднесена апликација за Изработка на Општи акти за села и Урбанистички планови за села. Вкупната вредност на проектите во оваа мерка изнесува 8.000.000 денари со вклучен ДДВ. Во план е изработка на Урбанистички планови за 14 населени места и општи плански акти за 6 населени места.

Планирана е изработка на УП за село Љубаништа со приближна површина од 40 ха; УП за село Трпејца со приближна површина од 40 ха; УП за село Пештани со приближна површина од 45 ха; УП за село Елшани со приближна површина од 18 ха; УП за село Лагадин со приближна површина од 42 ха; УП за село Долно Коњско со приближна површина од 35 ха; УП за село Велгошти со приближна површина од 110 ха; УП за село Велестово со приближна површина од 50 ха; УП за село Лескоец со приближна површина од 110 ха; УП за село Косел со приближна површина од 120 ха; УП за село Горно Лакочереј со приближна површина од 35 ха; УП за село Долно Лакочереј со приближна површина од 65 ха; УП за село Подмоље со приближна површина од 50 ха и УП за село Орман со приближна површина од 15 ха.

Исто така планирана е изработка на општи Општ акт за село Горно Коњско со приближна површина од 10 ха; Општ акт за село Рамне со приближна површина од 10 ха; Општ акт за село Опеница со приближна површина од 10 ха; Oпшт акт за село Вапила со приближна површина од 10 ха; Општ акт за село Сирула со приближна површина од 10 ха и Општ акт за село Куратица со приближна површина од 10 ха.