Пливачкиот  базен „ Атина Бојаџи“ ќе биде отворен за сите корисници, во понеделник на 24 јуни. Во изминатиот период, како што информираат од ЈП „Билјанини извори“ направени се  сите неопходни активности кои вклучуваа уредување на просторот околу големиот и малиот базен, проверка на системот за прочистување и оддржување на квалитетот на водата  и комплетно чистење на коритата.

Градскиот пливачки базен „Атина Бојаџи” ќе биде отворен за сите корисници и тоа од 9 до  14 часот за пливачките школи и клубови и од 14 до 20 часот за сите рекреативци.Еднодневен билет за рекреативно користење на базените за едно лице  изнесува 60 денари.