Деновиве во рамки на средното училиште „Св. Наум Охридски“ се одвиваат повеќе градежни активности. Спортското игралиште целосно се реконструира, се поставува нова подлога, ракометни стативи, кошеви за баскет и мрежи за одбојка. Денес, градежни екипи вршат тампонирање на игралиштето, додека од утре започнува оградувањето и поставување на заштитната мрежа.

Игралиштето заедно со новата училишна спортска сала формираат еден спортски центар опремен и погоден за сите временски услови, за активности на учениците на отворено и во затворен простор.

Исто така, денеска во училиштето се одвиваат активности за уредување на платото. Екипи на ЈП „Градски Гробишта“ го тампонираат и поставуваат бехатон плочки, а деновиве се очекува да започне и асфалтирањето на предвидениот паркинг простор.