ПОВТОРЕНА ЈАВНА АНКЕТА И ЈАВНA ПРЕЗЕНТАЦИЈА ЗА ПРЕДЛОГ ДУП ЗА УЗ 2, ДЕЛ ОД БЛОК 2.2 – ОПФАТ 3, ОПШТИНА ОХРИД ПЛАНСКИ ПЕРИОД 2017-2022
- март 10, 2022
- 0
Врз основа на член 50 од Законот за локална самоуправа („Сл. весник на РМ“ бр. 05/02) и член 34 од Статутот на општина Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр. 08/07 и 01/08), а во врска со член 35 од Законот за просторно и урбанистичко планирање („Сл. весник на РМ“ бр.199/14, 44/15, 193/14, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18) и член 93 од Законот за урбанистичко планирање („Сл. Весник на РСМ“ бр. 32/20), Градоначалникот на општина Охрид, донесе:
СООПШТЕНИЕ ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ ПОВТОРЕНА ЈАВНА АНКЕТА И ЈАВНA ПРЕЗЕНТАЦИЈА ЗА ПРЕДЛОГ ДУП ЗА УЗ 2, ДЕЛ ОД БЛОК 2.2 – ОПФАТ 3, ОПШТИНА ОХРИД ПЛАНСКИ ПЕРИОД 2017-2022
СЕ СООПШТУВА повторена јавна анкета и јавна презентација за Предлог ДУП за УЗ 2, дел од Блок 2.2 – опфат 3, општина Охрид, плански период 2017-2022 со тех. бр. 32/17 од 02.2022 год. изработен од „ТАЈФА АРХИТЕКТИ“ дооел, увоз-извоз – Куманово.
-
- Просторот на планскиот опфат на ДУП за УЗ 2, дел од Блок 2.2 – опфат 3, општина Охрид е опфат со површина од 1.18 ха и неговата местоположба е дефинирана во границите на:
-
-
-
- северо-исток со улицата „Страшо Пинџур“
- на југо-исток со улицата „Јане Сандански“,
- на југо-запад со улицата „Партизанска“,
- и на северо-запад со улицата „Серафим Китаноски“.
-
-
-
- Јавната анкета ќе трае од 11.03.2022 – 18.03.2022 год.
- Јавната презентација ќе се одржи во големата сала на општина Охрид на ден 16.03.2022 год. со почеток во 12.00 часот со почитување на мерките за заштита од КОВИД-19.
- Заради обезбедување пристапност и увид од страна на граѓаните и правните лица, планот освен на електронскиот систем е-урбанизам, ќе биде истакнат во холот на општина Охрид пред големата сала за состаноци, ќе биде објавен на web страната на општина Охрид, а соопштението за организирање на ЈА и ЈП ќе биде објавено во две јавни гласила.
- Стручната служба ќе дава објаснување секој работен ден од 13 до 15 часот во просториите на општина Охрид.
- Заинтересираните граѓани и правни лица своите предлози и забелешки, додека трае јавната анкета, можат да ги доставуваат на анкетни листови до надлежниот орган во писмена форма и на електронскиот систем е-урбанизам.