Во СОУ „Св. Кирил и Методиј “ изминатиов период интензивно се работеше на подобрување на условите за реализирање на наставната програма. Учениците и персоналот добија објект уреден по најсовремени европски стандарди. Менаџерскиот тим на училиштето  спроведе низа проекти  за усовршување на условите за работа .

Во  објектот   целосно е променет инвентарот и набавена е нова опрема  за сите  кабинети и  училници  во кои има нови   клупи, столчиња, табли, интерактивни табли,интерактивни панели. Во кабинетите  по здравствена струка  и во кабинетите по  економско –правна и  трговска струка набавени се  нагледни средства  како и  нагледни средства за спорт.  Вредноста на проектот е 2.096.420,00 денари .

Со финансиска поддршка на Општина Охрид во вредност од 640.959 денари,  реконструирани се сите санитарни јазли за ученици и наставници .

Училиштето може да се пофали и со нови  компјутери за настава со учење од далечина. Вредноста на проектот е  393.750,00 денару со вклучен  со ДДВ.

Поставена е и локална мрежана инсталација (LAN) стабилен оптички интернет во училишната зграда , а вредноста е 267.106,00 со вклучено ДДВ.

Во вредност од 1.336.022,00 денари заменета  е  надворешна столарија на спортска сала и училниците.

Во сите простории и спортската сала  е  извршен  молерај. Санирани се  оштетените  делови од простории,а отстранета е и  дотраената  ламперија. Поставени се и нови внатрешни врати од училниците. Вредноста на проектот е 417.484,00 денари.

ЈП „Нискоградба“ работеа  на поставување на фекална канализација околу СОСУ „Св. Кирил и Методиј“. Поставени  се цевки со дијаметар Ф 200 во должина од 85 метри и 5 шахти.  Проектот се реализира со финансиска поддршка на Општина Охрид. Екипи на ЈП „Градски гробишта“ работеа на оградување  на училишниот двор.