ПОЗНАТИ ДОБИТНИЦИТЕ НА НАГРАДИТЕ ЗА НАЈДОБРИ ПОЕТСКИ ТВОРБИ ПОСВЕТЕНИ НА СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ-ПАТРОНОТ НА ОХРИД
- декември 3, 2025
- 0
По завршувањето на распишаниот Награден ученички литературен конкурс за најдобра поетска творба по повод 8 Декември – Свети Климент Охридски – Патрон на градот, жири –комисијата во состав: проф. Грета Пипиле –претседател; проф. Роза Китрозоска –член; Роза Костеска писател за деца и млади – член.
Жири – комисијата одлучи Први награди да им бидат доделени на следните творби:
- Во I категорија за ученици од одделенска настава (од прво до петто одделение)
поетска творба: „Свети Климент Охридски“
шифра: „Родина“
- Во II категорија за учениции од предметна настава (од шесто до деветто одделение)
поетска творба: „Светиклиментовиот град“
шифра: тенис
- Во III категорија за ученици во средно образование (од прва до четврта година)
поетска творба: „Чудниот старец“
шифра: климентико
Се повикуваат добитниците на наградите да дојдат во Одделението за култура најдоцна до 5.12.2025 година и со себе да го понесат примерокот од творбата со која конкурирале за да го докажат своето авторство.
Исто така на електронската пошта на Одделението за култура kultura@ohrid.gov.mk своите творби да ги испратат во електронска верзија.
Наградите на наградените ученици ќе им бидат врачени на ден 8.12.2025 година (понеделник) пред монументалниот споменик на Свети Климент Охридски во 12:00 часот.

















ОПШТИНА ОХРИД