По претходно распишани конкурси, Општина Охрид ги објавува ранг листите на добитници на стипендии наменети за основци, средношколци и студенти.

Ранг листа на добитници на стипендии – По Конкурсот за доделување стипендии на ученици од основните училишта во општина Охрид за учебната 2022/2023 година;

Ранг листа на добитници на стипендии – По Конкурсот за доделување стипендии на ученици од средните училишта во општина Охрид за учебната 2022/2023 година;

– Ранг листа на добитници на студентски стипендии – По Конкурс за доделување стипендии на редовни студенти од Општина Охрид запишани на додипломски студии во I година на државните универзитети во Република Македонија и на државните универзитети во други земји во академската 2022/2023 година кои живеат во потешки социјални услови. 

Се известуваат добитниците на стипендии дека од 06.03.2023 година (понеделник) до 10.03.2023 година (петок) во период од 12:00 до 15:00 часот треба да да дојдат во просториите на советничката канцеларија во Општина Охрид за да ги потпишат договорите. Добитниците на стипендија (малолетни лица) при потпишувањето на договорот, треба да дојдат во прдружба на родител или старател.

Кандидатите кои не добиле стипендија, се известуваат дека може да поднесат приговор против одлуката на Градоначалникот во рок од 5 (пет) дена од денот на објавување за извршениот избор.