Како дел од програмата за изградба и реконструкција на локални патишта и улици на Општина Охрид, деновиве беа реализирани активности за уредување на пешачка патека во селото Завој, во непосредна близина на црквата.

Пешачката патека е поплочена со 450 м2 бехатон плочки и поставени се соодветни рабници. По налог на локалната самоуправа, работните активности ги изведуваа екипите на ЈП „Градски гробишта“.

За оваа намена од буџетот на Општина Охрид беа издвоени 600.000 денари.