На покана од Татјана Данчева – директор на  Професионалната гимназија по туризам „Д-р Васил Берон“  во Велико Трново – Република Бугарија присуствуваа директорот на ОУТУ „Ванчо Питошески“-Охрид – Марјан Радески и Секретарот Душко Јаковчески.

Директорите Данчева и Радески потпишаа Договор за соработка помеѓу двете училишта. Соработката ќе се состои од: Меѓусебна размена на информации, знаење, искуства, идеи и добри практики, развивање и реализирање на заеднички иницијативи и проекти, заедничко организирање на образовни иницијативи, обуки и пракса, заедничко користење на материјално-техничка основа за едукативни активности, организирање и одржување состаноци, натпревари, конкурси, заеднички развој и имплементација на регионални и меѓународни проекти и други активности.

Радески и Јаковчески остварија средби и со градоначалникот на Велико Трново Даниел Панов и претседателот на Советот Венцислав Спиридонов. Првите луѓе на градот изразија големо задоволство за потпишувањето на договорот помеѓу двете училишта. Со оглед на фактот дека Охрид и Велико Трново се збратимени градови  тоа ќе придонесе за зајакнување на врските и пријателството помеѓу двата града.