ПО ТРЕТПАТ СЕ ОРГАНИЗИРА НАСТАНОТ „ВКУСЕТЕ ГО ОХРИД – ЛОКАЛНО“
- јули 26, 2024
- 0
„Слоу фуд Охрид“ по третпат ќе го организира настанот „Вкусете го Охрид – локално“, утре на 27-ми јули на плоштадот кај „Долна Порта“.
Посетителите ќе може да вкусат различни специјалитети кои се дел од охридската гастрономска приказна и да се запознаат со бројни локални производи.
„Слоу Фуд Охрид“ е дел од „Слоу Фуд Македонија“ и преку своите уникатни приказни полни со искрена љубов кон традицијата и локалниот идентитет, промовираат бавна храна наспроти трендот на брза неквалитетна храна.
Настанот „Вкусете го Охрид, локално“ се организира со поддршка на Општина Охрид и „Слоу Фуд Македонија“.
Нaстанот започнува во 19:00 часот.