Градежните активности на улицата „Македонски Просветители“ кои беа ставени во мирување, продолжуваат.

За време на градежните активности на потегот ќе важи времен сообраќаен режим. Улицата „Македонски Просветители“ се затвора за сообраќај на потег од крстосницата со Бул.  „Туристичка“ до крстосница со ул. „Димитар Влахов“, а сообраќајот се пренасочува по околната улична мрежа, при што истиот ќе се одвива согласно време поставената сообраќајна сигнализација.