Јавното Претпријатие „Водовод“ – Охрид во соработка со општина Охрид во  наредниве три месеци   ќе реализира огромен проект кој се однесува на промена на   сите пумпи за водоснабдување кои се поставени во пумпните станици, „Метропол“, „Трпејца“ и „Љубаништа“, а   ќе ја менува и  електриката. Станува збор   проект  вреден 20 милиони денари, обезбедени преку  гранд на Агенцијата за  поддршка на земјоделството и  руралниот  развој.

Со реализирањето на проектот се очекува да се подобри водоснабдувањето и да се  преполоват  месечните сметки за електрична енергија  на сите домаќинства кои се наоѓаат на потегот од Билјанини извори до селото Љубаништа.

По завршување на изборите ќе биде  распишан тендер за набавка на нови, демонтажа на постоечките   и монтажа на нови пумпи за водоснабдување.