Од утре до 28 октомври, Охрид ќе биде домаќин на  промо – тура „Охрид 2019“, што ја организира локалната самоуправа.

Целта на активноста е приближување на туристичкиот потенцијал и понуда на Охрид  до граѓаните на Италија особено  на оние кои живеат во регионот на Милано.

На  неколкудневното случување  се очекува присуство на 15 туроператори и 5 новинари од Италија со цел зголемена промоција на  градов на италијанскиот туристички пазар.

Директната авио -линија  Охрид- Милано  дополнително ќе  допринесе  во  зголемување на бројот  на италијански туристи кај нас.