РАБОТНИ ТЕЛА – КОМИСИИ
За разгледување прашања и утврдување на предлози од одредена област, Советот од својот состав може да формира постојани и повремени комисии. Составот на комисиите е во пропорционален сооднос на застапеност на политичките партии во Советот.
Комисиите на Советот на општината:
- расправаат за прашања од областа за која се формирани;
- даваат мислење и предлози до Советот;
- ги разгледуваат предлозите на градоначалникот, на членовите на Советот и иницијативите на граѓаните од областите за кои се формирани.
Постојани комисии на општината се:
- Статутарно-правна комисија;
- Комисија за верификација, избори и именување;
- Комисија за финансии и буџет;
- Комисија за јавни и комунални дејности;
- Комисија за урбанизам;
- Комисија за општествени дејности;
- Комисија за туризам и локален економски развој;
- Комисија за заштита на животната средина;
- Комисија за месна самоуправа;
- Комисија за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија;
- Комисија за еднакви можности меѓу мажите и жените и
- Комисија за млади и спорт.
Комисиите се составени од по 5 членови.
Статутарно правната комисија го утврдува предлогот на Статутот на општината, ги разгледува иницијативите и предлозите за измени на Статутот и ја следи примената на Статутот и ги разгледува начелните прашања од статутарен карактер. Статутарно-правната комисија го утврдува предлогот на Деловникот на Советот, подготвува мислења по предлог законите кои се однесуваат на Општината, разгледува и други општи акти во надлежност на Советот на општината.
Комисијата за верификација, избори и именувања разгледува и подготвува предлози кои се однесуваат на мандатно имунитетни прашања и разгледува и подготвува предлози за избор, именување и разрешување во надлежност на Општината.
Комисијата за финансии и буџет ги разгледува прашањата во врска со финансирањето на Општината, буџетот и завршната сметка на буџетот на Општината.
Комисијата за јавни и комунални дејности ги разгледува прашањата од работата на јавните служби (јавните установи и јавните претпријатија) на Општината.
Комисијата за урбанизам ги разгледува генералниот и деталните урбанистички планови и друга урбанистичка документација
Комисијата за општествени дејности разгледува прашања од развојот на мрежата на установи од областа на културата, спортот, социјалната и детската заштита, предучилишното образование како и прашања од други области од значење и интерес на граѓаните.
Комисијата за туризам и локален економски развој ги разгледува прашањата во врска со развојот на туризмот и угостителството и унапредување на туристичката пропаганда.
Комисијата за заштита на животната средина ги разгледува прашањата за заштита и унапредување на животната средина
Комисијата за месна самоуправа го разгледува функционирањето на облиците на месна самоуправа и нивните органи, програмите за работа и други прашања сврзани со работата на облиците на месната самоуправа.
Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија донесува Програма за одбележување празници и манифестации и доделува награди и признанија.
Комисијата за еднакви можности меѓу мажите и жените ги разгледува прашањата од родовата рамноправност со цел да развие и воспостави полотика за родова еднаквост насочена кон оспособување на жените и мажите да учествуваат под еднакво ниво на социјалната, политичката и економслата сфера.
Комисијата за млади и спорт разгледува прашања, за развојот и рекреативните активности на младите и за културни активности.
Антонио Наумоски – претседател
Кире Пердулоски – заменик претседател
Живка Ангелоска – член
Нефи Усеини – член
Димитар Велјаноски – член
Наум Јамандиев – претседател
Милена Грозданоска – заменик претседател
Бесник Османи – член
Димитар Велјаноски – член
Виолета Аврамоска – член
Благородна Чулческа – претседател
Ванчо Костоски – заменик претседател
Бојан Михајловски – член
Димитар Велјаноски – член
Виолета Аврамоска – член
Ана Крстеска – претседател
Живка Ангелоска – заменик претседател
Деса Косаркоска – член
Димитар Велјаноски – член
Александра Настоска Николоска – член
Ванчо Костоски – претседател
Горан Маркоски – заменик претседател
Арбен Демироски – член
Виолета Аврамоска – член
Перчо Божиновски – член
Билјана Тодева Стојаноска – претседател
Деса Косаркоска – заменик претседател
Ванчо Костоски – член
Горан Маркоски – член
Благородна Чулчески – член
Деса Косаркоска – претседател
Горан Стојаноски – заменик претседател
Науме Јованоски – член
Благородна Чулческа – член
Ана Крстеска – член
Кире Пердулоски – претседател
Науме Јованоски – заменик претседател
Милена Грозданоска – член
Ванчо Костоски – член
Нефи Усеини – член
Арбен Демироски – претседател
Горан Маркоски – заменик претседател
Стојан Митрески – член
Кире Пердулоски – член
Антонио Наумоски – член
Перчо Божиновски – претседател
Бојан Михајловски – заменик претседател
Арбен Демироски – член
Наум Јамандиев – член
Горан Стојаноски – член
Милена Грозданоска – претседател
Александра Настоска Николоска – заменик претседател
Деса Косаркоска – член
Живка Ангелоска – член
Бесник Османи – член
Бесник Османи – претседател
Наум Јамандиев – заменик претседател
Стојан Митрески – член
Ана Крстеска – член
Бојан Михајловски – член