Традиционално, екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец„ по одбележувањето на празникот посветен на светителот Св.Наум спроведе акција за темелно расчистување на туристичко-манастирскиот комплекс „Свети Наум„.Комплексот е расчистен од влезот до манастирот, плажата, пристаништето и сите пристапни патеки. Подигнат е комуналниот отпад од контејнерите, расфрланиот ситен комунален отпад, хартија, картонската амбалажа и др. од јавните пешачки и зелени  површини. Овие активности се спроведоа по договор со Дебарско-кичевската епархија.