По повод Денот на независноста на Република Северна Македонија, од 5ти до 6ти септември, на малото пристаниште пред хотел „Палас“ ќе се одржи ревијален турнир во ватерполо. Турнирот е во организација на здружението за спортови на вода „Охридски бранови“, а учество ќе земат повеќе екипи од Република Србија и Република Северна Македонија.

Настанот се одржува под покровителство на општина Охрид.