Во тек се работни активности за реконструкција на внатрешните ѕидови во ОСУ „Свети Климент Охридски“.

Освен санирање и обработка на оштетените ѕидови во дел од училниците и ходниците, се врши и комплетно молерисување на сите училишни простории. За оваа намена од буџетот на Општина Охрид се издвоени 378.780 денари.

Според планираното, во текот на наредниот период планирана е реконструкција на училишните простории и во дел од останатите основни и средни училишта на подрачјето на општината.