Деновиве започнаа работни активности за реконструкција на тротоарот и велосипедските патеки на булеварот „Туристичка“ во потегот од крстосницата со улица „Јане Сандански“ до крстосницата со улица „Даме Груев“.

Освен асфалтирање, поплочување и поставување на нови рабници, планирана е замена на стариот дрворед со нови соодветни садници. На местото на старите стебла ќе бидат засадени нови дрвја од видот Лириодендрон тулипифера.