По повод празникот 8-ми Септември-Денот на независноста на Република Северна Македонија, делегација на Општина Охрид, составена од претседателката на Советот, Живка Ангелоска и заменик градоначалникот Ристе Николески, положија свежо цвеќе пред спомен обележјата на паднатите борци во паркот на градскиот плоштад.

Цвеќе положија и останати претставници од политичкиот и јавниот живот од градов.