СВЕЖО ЦВЕЌЕ ПО ПОВОД 7-МИ НОЕМВРИ ДЕНОТ НА ОСЛОБОДУВАЊЕТО НА ОХРИД
- ноември 7, 2023
- 0
По повод 7-ми Ноември, Денот на ослободувањето на Охрид, делегација на Општина Охрид, предводена од градоначалникот Кирил Пецаков денеска положи свежо цвеќе пред спомен обележјата на борците во Спомен паркот на револуцијата.
Делегации од општина Охрид, од Сојузот на борци и останати претставници на политичкиот и јавниот живот од градов положија цвеќе и пред Спомен обележјето на Јасна Ристеска во с. Рамне каде се одржа панихида.
Свежо цвеќе беше положено и пред спомен – обележјата од НОБ кај Градски гробишта, Градски парк, Основен суд, двор на СОСУ „Св.Кирил и Методиј”.