Врз основа на член 39 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/2002) и член 26 од Статутот на општината Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр.8/2007), претседателот на Советот донесува:

 

Р Е Ш Е Н И Е
ЗА СВИКУВАЊЕ НА ЧЕТИРИЕСЕТ И ДЕВЕТАТА
 СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД

 

ЈА СВИКУВАМ четириесет и деветата  седница на Советот на општина Охрид на ден 09 .10.2020 година (петок) со почеток во  10 .00 часот.

Седницата ќе се одржи преку конференциска врска со употреба на интернет комуникација во  10:00 часот.

За седницата го предлагам следниот:

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

 

  1. Предлог одлука за  намера за реализација на проекти по пат на долгорочно домашно задолжување на општина Охрид во рамки на вториот проект за подобрување на општинските услуги (MSIP2).

 

СОВЕТ НА ОПШТИНА ОХРИД
Претседател
Живка Ангелоска