ОДДЕЛЕНИЕ ЗА БУЏЕТСКА КОНТРОЛА
Одделението за буџетска контрола ги врши работите што се однесуваат на:
- вршење контрола на извршувањето на буџетот;
- вршење контрола на извршувањето на утврдените политики и оперативното управување (надзор над целокупниот процес на финансиското управување и контрола);
- следење на реализацијата на договорите за јавните набавки и спроведува ex ante и ex post финансиска контрола;
- вршење документирана контрола на комплетноста и исправноста на целокупната документација (фактури, порачки, испратници, работни налози, приемници и друго и нивна усогласеност со договорот за јавни набавки;)
- изготвување информации и извештаи за извршувањето на буџетот;
- следење и применување на законската регулатива (закони, подзаконски акти, прописи, стандарди, упатства) од областа на финансиското управување и контрола;
- вршење контрола на расположливоста на планираните средства во буџетот/финансискиот план пред преземање на обврските и
- врши и други работи што ќе му бидат утврдени во делокругот на надлежности согласно законите и другите прописи.
Контакт:
Телефон: (046) 262492 / (046) 262493 лок.
E-mail: