ОДДЕЛЕНИЕ ЗА БУЏЕТСКА КОРДИНАЦИЈА
Одделението за буџетска координација ги врши работите што се однесуваат на:
- координирање на процесот за подготвување и изменување и дополнување на буџетот и стратешкиот план на Општината;
- координирање на процесот на развој, воспоставување, спроведување и одржување на финансиското управување и контрола;
- давање предлози за воспоставување/укинување на еx ante финансиска контрола со вршење на проценка на ризик и ажурирање на процедурите за работните процеси од областа на финансиското управување и контрола;
- задолжително дава мислења по предлог актите што ги изготвуваат другите организациони единици во Општината и предлог актите на други субјекти кои имаат или може да имаат финансиски импликации за буџетот на Општината;
- изготвување план за воспоставување на финансиското управување и контрола како и методологија за спроведување на планот кои ги одобрува градоначалникот;
- следење и примена на законската регулатива од областа на буџетското работење;
- подготовка на извештај за реализирани програми, проекти и договори;
- подготовка на извештај за активностите за воспоставување и развој на финансиското управување и контрола;
- вршење на самопроценки на одделни процеси на системот на финансиско управување и контрола;
- Подготовка на Годишниот финансиски извештај од член (47) од Законот за јавна внатрешна финансиска контрола и
- врши и други работи што ќе му бидат утврдени во делокругот на надлежности согласно законите и другите прописи
Контакт:
Телефон: (046) 262492 / (046) 262493 лок.
E-mail: