ОДДЕЛЕНИЕ ЗА СМЕТКОВОДСТВО И ПЛАЌАЊА

Одделението за сметководство и плаќања ги врши работите што се однесуваат на:

  • спроведување на сметководствено евидентирање за извршување на буџетот/финансискиот план и подготвувањето на годишна сметка (биланс на состојба, биланс на приходите и расходите, консолидиран биланс на капиталниот имот, биланс на задолжување и белешки/образложение кон финансиските извештаи);
  • вршење на сметководствено евидентирање на основните средства на Општината, евидентирање и наплата на побарувањата и евидентирање и плаќање на достасаните обврски;
  • вршење на буџетското и финансиското известување;
  • заштита на средствата и обврските чија вредност е евидентирана во билансот на состојба;
  • изготвување годишни, квартални и месечни финансиски планови за буџетот на Општината и неговите единки корисници согласно законските прописи;
  • вршење ex ante сметководствена контрола на целокупната документација пред да се изврши плаќањето согласно пишаните процедури за сметководствените процеси;
  • следење и применување на законската регулатива од областа на сметководствено, материјално и финансиско работење;
  • вршење секојдневно водење на благајнички работи и трезор;
  • вршење пресметка и исплата на платите на вработените и
  • врши и други работи што ќе му бидат утврдени во делокругот на надлежности согласно законите и другите прописи.

Контакт:

Телефон: (046) 262492 / (046) 262493  лок.

E-mail: