Екипите на секторот „Паркови и Зеленило“ при ЈП „Охридски комуналец“ започнаа  активности за уредување на дрворедите и зеленилото на сообраќајниците во градот.

Денеска се вршеше кастрење и отстранување на старите и оштетени гранки на дрворедите на булевар „Туристичка“ и на улица „АСНОМ“. Исто така екипите извршија и отстранување на едно поголемо старо дрво пред Центарот за култура „Григор Прличев“ кое претставуваше опасност за минувачите.

Уредувањето на дрворедите е дел од тековните и сезонски активности на јавното претпријатие, кои се предвидени за овој период од годината.