Како дел од чествувањата и обичаите поврзани со празникот Свети Јован Крстител, денеска на Градскиот плоштад во Охрид се одржа манифестација Денот на рибарите.

Градоначалникот Константин Георгиески, заедно со тајфата на фаќачот на Чесниот крст, Петар Рупески беше дел од уникатниот настан со традиционалното капење на рибарите во водите на Охридското Езеро.

Во рамки на манифестацијата и годинава беше организирана подготовка на рибна чорба во голем казан. За подготовката на овој специјалитет беа задолжени професорите и учениците од ОУТУ „Ванчо Питошески“. На присутните гости им беа послужени неколку илјади порции, а дел од подготвената чорба беше доставена и до социјално ранливите семејства од градот.

За забавната програма на настанот беше задолжен македoнскиот естрадeн уметник Миле Кузманоски.