Во текот на изминатата вечер, напукна голема гранка од чинарот во наслебата Кошишта. Поради постоење опасност по минувачите и околните објекти теренот во вечерните часови беше затворен за сообраќај.

Екипи од ЈП „Охридски комуналец“ од рано утринава започнаа со санација на оштетениот дел. Големата и сува гранка која претставуваше опасност за минувачите и околните објекти беше отстранета.

Предвидено е после завршување на вегетацискиот период, есенва да  продолжи санацијата на чинарот која ќе се изведува под надзор на стручни лица.

Проценетата старост на чинарот е 300 години. Претходно Општина Охрид во соработка со стручни лица изврши санација и ревитализација на чинарите во Охридската чаршија и населбата Воска.