Со средства на Општина Охрид во вредност од  760.000 денари се  оградува спортското игралиште во населба Воска.

Проектот којшто го реализираат екипи на ЈП „Градски Гробишта“ е во завршна фаза и подразбира подигнување на потпорен ѕид и поставување метална ограда околу игралиштето.

Целта на проектот е заштита и разубавување на јавните добра во градов.