Во тек се градежни активности за изградба на резервоар за вода во село Подмоље. Со овој зафат се очекува решавање на горливиот проблем со водоснабдувањето  кој со години го имаат жителите на ова населено место.

Резервоарот има капацитет од 100 метри кубни и се гради по сите најсовремени стандарди за водоснабдување.

Градежните активности ги изведува ДОО „Бокоп“, а целокупната инвестиција на проектот изнесува 3.117.752 денари. Средствата се во целост обезбедени од буџетот на општина Охрид.