Денес, на дел од улицата „Ванчо Николески“ кој што подолг период беше оштетен започнаа активности за санација. Активностите се одвиваат на улицата “Ванчо Николески“, на потегот од Кеј “Македонија“ до пресекот со улицата “Партизанска“.
Во моментов се работи на проект за целосна нејзина реконструкција која опфаќа и обновување на тротоарите, а по изготвувањето на проектот ќе се пристапи кон нејзина целосна реконструкција.