Деновиве со поддршка на општина Охрид се уредуваат  основните училишта „Кочо Рацин“ и „Григор Прличев“.  Со активностите е опфатено варосување на училниците и кабинетите, варосување на надворешните ѕидови и естетско уредување на училниците.

После завршување на активностите за уредување на овие две училишта, ќе се продолжи со уредување на останатите основи и средни училишта во Охрид.