Деновиве се спроведуваат работни активности за уредување на тротоарот на улица „АСНОМ“ од крстосницата со булевар „Туристичка“ до пресекот со улица „Кеј Македонија“.

Се врши поставување на нова тампон подлога и се врши прередување на веќе поставените бехатон плочки. Поради значителни оштетувања, на одредени места се поставуваат и нови бехатон плочки. Овие активности се предвидени во годишната програма за уредување на градежно земјиште, а средствата се обезбедени од буџетот на Општина Охрид.

Во текот на наредниот период планирано е уредување на тротоарите на уште неколку улици во градот каде што има значителни оштетувања.