Општина Охрид ги повикува сопствениците на урбана опрема кои не поседуваат одобрение за поставување на урбана опрема, во најкус можен рок да поднесат барање до Секторот за урбанизам и заштита на животна средина, со цел да им биде издадено потребното одобрение.

Одобрението за поставување на урбана опрема мора да се поседува во согласност со законските прописи и не е поврзано со одлуката за ослободување од надоместок за поставување на урбана опрема, како дел од економските мерки, кои Општина Охрид ги донесе во насока на намалување на последиците од здравствената криза со “Ковид 19”.