СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА – ИНСТИТУЦИИ
Социјалната заштита е систем на мерки, активности и политики за спречување и надминување на основните социјални ризици на кои е изложен граѓанинот во текот на животот, за намалување на сиромаштијата и социјалната исклученост и за јакнење на неговиот капацитет за сопствена заштита.
Под социјален ризик се подразбира:
- ризици по здравјето (болест, повреда и инвалидност);
- ризици на старост и стареење;
- ризици на еднородителско семејство;
- ризици од невработеност;
- губење на приход за издржување по основа на работа;
- ризици од сиромаштија и
- ризици од друг вид на социјална исклученост
ЦЕНТАР ЗА СОЦИЈАЛНА РАБОТА – ОХРИД
Адреса: „7-ми Ноември“ 282 6000 Охрид
Телефон: +389 46 279 753 / +389 46 260 707
E-mail: jumcsrohrid@mtsp.gov.mk
Web: www.mtsp.gov.mk
ЦРВЕН КРСТ – ОХРИД
Адреса: „Димитар Влахов“ бр.52 6000 Охрид
Телефон: +389 46 262 706
E-mail: ohrid@redcross.org.mk
Web: http://www.crvenkrst-ohrid.org.mk/
Црвениот крст е невладина, доброволна непартиска организација. Црвениот крст остварува определени хуманитарни цели и задачи од областа на здравството, социјалната заштита и воспитанието , врз принципите на хуманизмот и солидарноста.
Работењето е втемелено врз универзални принципи, има моќ да го унапреди светот во кој живееме преку промовирање на мир и толеранција, ефикасна превенција, навремен одговор и соодветна поддршка за ранливо население.
Презентацијата на Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Охрид во меѓународната публикација „Business Directory of North Macedonia 2020“ е објавена во електронска форма на интернет страницата “Balkanika-publishing” под наслов “Red Cross of the Republic of North Macedonia – Branch Organization Ohrid“. Во поглавјето “Medicine, Pharmacy“ е објавен и банерот на Црвен Крст на Република Северна Македонија – Општинска Организација Охрид, преку кој се линкува нашата web страница.
АГЕНЦИЈА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ – ОХРИД
Адреса: „7-ми Ноември“ бр.284 6000 Охрид
Телефон: +389 46 254 115
E-mail: maja.taseva@av.gov.mk
Web: www.av.gov.mk