Заврши дислокацијата на спомен – бистата на Григор Прличев на новиот простор помеѓу двете национални установи што го носат неговото име.

По налог на Општина Охрид градежните работи за уредување на просторот и постаментот ги изведоа вработени на ЈП „Градски гробишта“ – Охрид.

Идејата за дислокација е уште од мигот кога до поранешната локација на бистата беа поставени подземните контејнери а јавноста излезе со бурни реакции.

Сега следува хортикултурно уредување на просторот околу бистата, зафат на кој ќе биде ангажирано ЈП „Охридски комуналец“. Како крајна фаза според проектот на општината останува соодветната илуминација на спомен – бистата на големиот поет и преродбеник од 19 век, Григор Прличев.