Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков денеска оствари протоколарна средба со  официјалниот претставник на германската    фондација „Конрад- Аденауер”, Даниел Браун и проект менаџерот во Македонија,  Давор Пашоски.

Целта на средбата беше    запознавање на германската делегација  со тековните и планирани проекти на  локалната самоуправа и проблемите со кои се соочува.

Заеднички беше заклучено дека средбата ќе биде поттик за воспоставување активна соработка и силно партнерство помеѓу Охрид и Фондацијата „Конрад Аденауер“ преку заеднички активности кои ги промовираат демократските вредности, зaедништво и солидарност со цел градење на уште поубав и поразвиен град.