Во рамки на активностите за реконструкција на улицата „Македонски Просветители“ утрово екипи на Охридските јавни претпријатија  поставуваат столбови за ограничување и друга урбана опрема по должината на улицата со цел побезбедно сообраќање и движење на пешаците.

Активностите за реконструкција на улицата започнаа минатата година. Согласно проектот  на улицата има  комплетно булеварско решение со осветлување, двосмерна велосипедска патека, пешачки патеки од двете страни и нови коловозни ленти одвоени со зелен појас.