С О О П Ш Т Е Н И Е ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ЈАВНА АНКЕТА И ЈАВНA ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ЛОКАЛНА УРБАНИСТИЧКО ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ПРОЕКТ “КУПИ КУЌА ЗА МЛАДИ”, КО ОХРИД 4, ОПШТИНА ОХРИД
- април 20, 2023
- 0
Врз основа на член 50 од Законот за локална самоуправа („Сл. Весник на РМ“ бр. 05/02) и член 34 од статут на општина Охрид („Сл. Гласник на општина Охрид“ бр. 08/07 и 01/08), а во врска со член 46 став (9) и член 35 од Законот за просторно и урбанистичко планирање („Сл. весник на РМ“ бр. 199/14 , 44/15, 193/15, 31/16, 163/16 и 64/18) и член 95 став(1) од Законот за урбанистичко планирање(„Сл. весник на РСМ“ бр. 32/20), Градоначалникот на општина Охрид, објавува
С О О П Ш Т Е Н И Е
ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ЈАВНА АНКЕТА И ЈАВНA ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ЛОКАЛНА УРБАНИСТИЧКО ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ПРОЕКТ “КУПИ КУЌА ЗА МЛАДИ”, КО ОХРИД 4, ОПШТИНА ОХРИД
СЕ ОРГАНИЗИРА јавна анкета и јавна презентација за ЛУПД за проект “КУПИ КУЌА ЗА МЛАДИ“, КО Охрид 4, Општина Охрид, со техн.бр. L3016 од октомври 2022 год. изработен од Агенција за планирање на просторот- Скопје
- Планскиот опфат за ЛУПД за проект “КУПИ КУЌА ЗА МЛАДИ”, КО Охрид 4, Општина Охрид со површина од35 ха, во рамки на катастарските парцели: КП 2113, КП 2112, КП 2100/1, КП 2100/4, КП 2099/1, КП 2099/2, КП 2085/1, КП 2085/2, КП 2128/1, КП 2128/2, КП 2129, КП 2127/1, КП 2127/2, КП 2126, КП 2114/1, КП 2114/2, КП 2111/1, КП 2111/2, КП 2110, КП 2115, КП 2116, КП 2101/1, КП 2101/2, КП 2102, КП 2103, КП 2098, КП 2086/2, КП 2086/1, КП 2083/1, КП 2083/2, КП 2083/4, КП 2083/5, КП 2083/3, КП 2084/2, КП 2081/2, КП 2081/4, КП 2081/12, КП 3074, КП 3073, КП 3072, КП 3075, КП 3058/1, КП 3058/2, КП 2084/1, КП 2081/10 и КП 2081/9, КО Охрид 4, Општина Охрид.
- Јавната анкета ќе трае од 26.04.2023 – 04.05.2023 год.
- Јавната презентација ќе се одржи во големата сала на општина Охрид на ден 02.05.2023 год. со почеток во 10:00 часот.
- Заради обезбедување пристапност и увид од страна на граѓаните и правните лица планот ќе биде истакнат во холот на општина Охрид пред големата сала за состаноци.
- Стручната служба ќе дава објаснување секој работен ден од 13.00 до 15.00 часот во просториите на општина Охрид во времетраење на јавната анкета.
- Заинтересираните граѓани и правни лица своите предлози и забелешки, додека трае јавната анкета, може да ги доставуваат на анкетни листови до надлежниот орган кој е организатор на анкетата.